За нас

Групата МАЕСТРО е музички состав кој настапува на сите видови свечености и прослави: свадби, крштевки, веридби, деловни прослави и др. Покрај македонската народна музика, групата МАЕСТРО негува и македонска, балканска и светска забавна музика и е една од ретките во Македонија кои можат да ги задоволат сите вкусови со богатиот и разновиден репертоар. Првиот официјален јавен настап е на 20.10.2012 год. Кога станува збор за интерпретирањето на македонската традиционална народна музика, четворица членови од групата МАЕСТРО (Илија Филиповски – виолина, Александар Тренкоски – кларинет, Војче Петрушев – хармоника и Трајче Ристов – ударни инструменти) се дел од оркестарот на “Зајди, зајди” под раководство на маестро Милан Завков.

ЧЛЕНОВИ

Илија Филиповски

Виолина

Бобан Цаневски

Вокал & Клавијатури

Александар Тренкоски

Кларинет & Саксофон

Трајче Ристов

Ударни инструменти

Војче Петрушев

Хармоника

Петар Механџиски

Вокал